сабота, 2 мај 2026

Селекторот на Исланд: Дојдовме да ви ја расипеме забавата

Објавено на

часот

Сподели

Исланд им ја расипа забавата на Романците, а утре посакуваат истото да ѝ го направат и на Македонија.
 
Со победа ние ќе го завериме второто место и ќе се пласираме во бараж за Светското првенство, а Исланд нема некој резултатски императив, но спортски ќе се бори за своето знаме.
 
„Мило ми е што сум во оваа убава земја. Знам дека ова е многу значаен натпревар за вас. Ние секогаш сме мотивирани кога ќе излеземе на терен и сакаме да одиграме добро против репрезентација што играше на минатото Европско првенство. Ви посакувам сѐ најдобро, но ние сме тука да ви ја расипеме забавата“, изјави селекторот Видарсон.
 
„Ние се обидуваме да создадеме нов тим од млади играчи и мора да одиграме максимално. Шансите се изедначени. Македонија има свои квалитети но и слабости кои ќе се обидеме да ги искористиме. Се надевам на позитивен резултат“.
 
Видарсон вели дека нема непријатели, има само пријатели и по мечот сака со нив да се напие пиво.
 
„Немам јас непријатели – само пријатели! И секогаш по меч сакам да се напијам пиво. Во Романија дадовме сѐ од себе, така ќе биде и тука во Скопје. Секогаш по меч е добро да се испие пиво со пријателите“.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра утре (недела) со почеток од 18 часот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ