Лео Меси во 11 часот се појави пред новинарите во прес центарот на „Паркот на принцовите“, ПСЖ го промовираше Аргентинецот како ново големо засилување.
„Тешко беше да ја напуштам Барселона, поминав многу години таму, па не е лесно да се направи промена. Но среќен сум што дојдов во ПСЖ, се работи за амбициозен тим со фантастичен состав. Сакам да им се заблагодарам на челниците, беа многу сериозни и брзи во преговорите откако Барселона ја соопшто одлуката во четвртокот. Сакам да им се заблагодарам и на фановите, пречекот беше луд“ – вели Лео Меси.
Аргентинецот во Париз ќе формира страшно три во нападот со Нејмар и Килијан Мбапе.
„Јас, Нејмар и Мбапе во нападот е лудост. Среќен сум што ќе играм со нив, на теренот ќе бидам со најдобрите и тоа секогаш е убаво“.
Запрашан кога ќе дебитира во дресот на ПСЖ, Меси рече: „Не знам. Бев на одмор, повеќе од еден месец немам клуб… Вчера се сретнав со тренерот, ќе треба да одработам подготовки, да тренирам добро и кога ќе бидам подготвен, да почнам да играм. Со нетрпение чекам да истрчам на теренот, но не можам да поставам конкретен датум“.
Откако ова лето пристигнаа неколку ѕвезди во Париз, целта број 1 ќе биде Лигата на шампиони.
„Моја цел и сон е уште еднаш да триумфирам во Лигата на шампионите. Мислам дека ПСЖ има тим да го стори тоа. Со составот и тренерот кои ги имаме, способни сме да ги освоиме сите титули. Тимот е неверојатен“.






