сабота, 25 април 2026

САД на Андоновски преку пенали до полуфиналето на Олимписките игри

Објавено на

часот

Сподели

Холандија подобро го почна мечот, поведе со гол на Миедема во 18. минута, но Американките брзо го свртеа резултатот, со голови на Мевис во 28. минута и Вилијамс три минути подоцна поведоа со 2-1.
 
По девет минути игра во второто полувреме Миедема постигна нов гол за Холандија, овој пат за израмнување.
 
Холанѓанките пропуштија голема шанса за победа, во 81. минута Мартенс промаши пенал.
 
Резултатот остана 2-2, се играа и продолженија во кои не беше постигнат гол, па пеналите го решаваа победникот.
 
Американките беа перфектни, ги погодија сите пенали, Холанѓанките промашија двапати.
 
САД во полуфиналето ќе играат против својот сосед, Канада која на пенали го победи Бразил, немаше голови по 120 минути игра.
 
Во второто полуфинале ќе играат Шведска и Австралија. Швеѓанките со 3-1 беа подобри од Јапонија, а Австралија по продолженија ја совлада Велика Британија со 4-3.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ