Минатото лето, Аталанта го позајми Кристијан Ромеро од Јувентус на две години, со опција да го купи играчот за 16 милиони евра.
Аргентинецот имаше одлична сезона, неговата цена скокна, и тој сега е пред трансфер во Тотнем за три пати поголема сума, односно 55 милиони евра.
Аталанта сака одново да пазари нов дефанзивец од редовите на Јувентус, „старата дама“ не се исплаши од грешката со Кристијано Ромеро и лошата проценка, па двата клуба се на добар пат да си подадат рака.
Голем број на извори од Италија пренесуваат дека се пеглаат деталите за преселба на Мерих Демирал во Бергамо, Турчинот треба да пристигне на позајмица вредна 5 милиони евра, плус „црно-сините“ да имаат опција во целост да го купат играчот за додатни 25 милиони евра.






