понеделник, 4 мај 2026

Реми на дербито меѓу Тотнем и Ливерпул, четири гола и еден црвен картон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна идеално за Тотнем, во 13. минута по додавање од Ндомбеле, Кејн реализираше за водство од 1-0.
 
Предноста на домаќините траеше до 35. минута кога Диого Жота изедначи на 1-1.
 
Во второто полувреме имаше луди седум минути. Најпрво во 70. минута Робертсон погоди за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.
 
Во 74. минута Сон по асистенција од Кејн израмни на 2-2. А три минути подоцна Робертсон заработи црвен картон по силен удар врз Емерсон Ројал, Ливерпул остана со играч помалку.
 
Впечаток е дека критериумот на судијата не беше ист бидејќи претходно Хари Кејн имаше многу поопасен старт со отворен ѓон, но судијата не му покажа црвен картон.
 
Натпреварот заврши 2-2, Тотнем во последните минути не успеа да искористи играч повеќе.
 
На денешниот ден посебно се израдува Манчестер Сити кој ја зголеми предноста бидејќи и Ливерпул и Челси загубија по два бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ