Реал Мадрид не го отвори најдобро мечот, Севиља поведе во 12. минута, Мир погоди со глава по еден центаршут на Акуња од корнер.
Израмни Бензема во 32. минута, Французинот начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на Боно.
Долго време беше актуелен резултатот 1-1, се ближеше крајот на мечот кога Винисиус во 87. минута „испука една ракета“ за победа на Реал Мадрид од 2-1.
Кралскиот клуб е прв со четири бода пред Атлетико Мадрид.






