Утринава „Мундо Депортиво“ ја разбранува јавноста со една сензационалистичка вест која изгледа невозможно. Каталонскиот весник напиша дека Флорентино Перез сака да го пресели Реал Мадрид во Премиерлигата и почнал да прави анализи како да се реализира тоа.
Реал Мадрид како комплетно лажна ја оцени веста на „Мундо Депортиво“.
„Инфомацијата која денеска беше објавена од весникот „Мундо Депортиво“, во која се вели дека нашиот клуб ја разгледува можноста за селење од Ла Лига во Премиерлигата, Реал Мадрид сака да посочи дека оваа информација е комплетно лажна, апсурдна и невозможна и служи само да му наштети на нашиот клуб“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.






