сабота, 2 мај 2026

Реал Мадрид е првиот клуб кој ја поминал магичната бројка од 1.000 голови во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид дојде до планираните три бода во Лигата на шампионите против Шахтар. А на овој меч се случи и јубилејниот 1.000 гол за кралскиот клуб во најелитното европско натпреварување. Ниту еден друг клуб не стигнал до оваа бројка.
 
Тандемот Бензема – Винисиус Жуниор беше во центарот на вниманието. Винисиус двапати асистираше, Бензема двапати погоди, во 14. и 61. минута.
 
Единствениот гол за Шахтар го постигна Фернандо во 39. минута.
 
Реал Мадрид по четири одиграни кола има девет бода.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ