недела, 3 мај 2026

Рангник откри дека повеќе од еден час го убедувал Керик да остане

Објавено на

часот

Сподели

По синоќешната победата над Арсенал, Мајкл Керик соопшти дека заминува од Манчестер јунајтед и нема да биде дел од тренерскиот персонал на Ралф Рангник.

Новиот предводник на „ѓаволите“ денеска се појави пред новинарите и откри дека за одлуката на Мајкл Керик дознал пред два дена, се обидал да го убеди да остане, но не успеал да го предомисли.

„Пред два дена дознав за ова (заминувањето на Кари). Имавме приватен разговор, дискутиравме повеќе од еден час“ – вели Ралф Рангник.

„Се обидов да го убедам да остане, но ми беше јасно дека веќе донел одлука, дека му е потребен одмор и на крајот морав да ја прифатам неговата одлука“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ