недела, 26 април 2026

ПСЖ има два начини како да го испочитува финансискиот фер-плеј

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ ова лето не потроши многу, го купи само Хакими, а ѕвездите како Меси, Рамос, Донарурма, Вајналдум… ги донесе бесплатно откако на сите им беа истечени договорите.

Но и покрај тоа овие играчи се бесплатно донесени, сите тие имаа огромни плати, па многумина се прашуваат како ПСЖ може да има така страшен состав а да не ги прекршува правилата за финансиски фер-плеј, односно да не троши повеќе отколку што заработува.

„ПСЖ има само два начини како да го задржи овој состав и да го испочитува финансискиот фер-плеј. Прво е спонзорските договори, потпишување на нови спонзорски договори или зголемување на сумата на актуелните со цел да се покријат трошоците за плати на оние кои дојдоа сега. Второ, може со продажба на некои фудбалери пред крајот на преодниот рок“, вели Тони Рока.

ПСЖ се надева на голем приход од продажба на дресови и други производи со имињата на новите ѕвезди. Клубот синоќа соопшти дека се распродадени сите дресови од Меси кои беа пуштени во продажба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ