недела, 3 мај 2026

Пред 10 години беше најскап британски фудбалер, денеска игра за 1.000 фунти неделно

Објавено на

часот

Сподели

Во последниот ден од зимскиот преоден рок во 2011 година, Енди Керол направи трансфер во Ливерпул вреден 35 милиони и стана најскапиот британски фудбалер. Напаѓачот дојде како замена за Фернандо Торес, но никогаш не ги оправда очекувањата па брзо си замина, најпрво беше испратен на позајмица во Вест Хем, а потоа „чеканите“ во целост го откупија неговиот договор.

Честите повреди го спречија да покаже што умее и во Лондон, па откако му истече договорот, се врати во Њукасл, но и и таму не се изнаигра и минатото лето остана без клуб.

Неодамна тој потпиша за второлигашот Рединг, а медиумите од Англија сега откриваат дека Енди Керол игра во Чемпионшип за 1.000 фунти неделно. Рединг е под трансфер ембарго поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј, па клубот има лимит на платите и всушнот напаѓачот ја добива максимално дозволената плата.

Таа е можеби 20 пати помала од она што го заработуваше во Њукасл (основна неделна плата од 20.000 фунти) или 80 пати помалку од примањата во Вест Хем (неделна плата од 80.000 фунти) но и покрај тоа Енди Керол го прифатил предизвикот бидејќи имал огромна желба да игра фудбал.

Изминатиов викенд, Енди Керол постигна гол и помогна Рединг со 3-2 да слави против Свонси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ