Организаторот на манифестацијата Златна топка, „Франс фудбал“ лани одлучи да не ја додели наградата поради пандемијата на ковид-19.
Ова беше несфатлив потег со оглед на тоа дека натпреварите се одиграа во сите првенства освен во француското кое и онака е неважно за освојување на големата награда.
Роберт Левандовски имаше убедливо најдобра сезона и требаше да ја добие Златната топка, но напаѓачот на Баерн Минхен остана со празни раце.
Тој беше блиску и оваа сезона, загуби со само 33 гласа од Лео Меси. Полјакот имаше две фантастични сезони, а ниту една Златна топка.
На интернет се покрена петиција да му се даде Златна топка на Левандовски за 2020 година. Ова не е желба само на стотици илјади потпишани на петицијата, таквиот став го делат и многумина од фудбалските критичари, а и самиот Меси јавно го кажа.
На петицијата веќе се потпишани повеќе од 200.000 луѓе. Ако сакате и вие да се потпишете, тоа можете да го направите на овој ЛИНК.







