недела, 26 април 2026

Победи за Работнички и Македонија ЃП на стартот, Шкендија и Шкупи без муниција

Објавено на

часот

Сподели

Попладнево стартуваше новата сезона во МПФЛ, стрелците не беа расположени на отварањето, па паднаа само четири погодока на пет натпревари.

Работнички со голот на Ристевски победи со 1-0 против Борец, а истиот резултат гласеше и на мечот помеѓу Македонија ЃП и Пелистер, „лавовите“ стигнаа до три бода со погодокот на Воша.

Актуелниот шампион Шкендија никако да постигне гол, откако на четири меча во Европа не реализираше ниту еднаш, „црвено-црните“ од Тетово останаа без муниција и на гостувањето кај Тиквеш.

Шкупи исто така имаше проблем со реализацијата, клубот од Чаир одигра само 0-0 на гостувањето кај Брегалница.

Најефикасно беше на дуелот помеѓу Ренова и Скопје, каде паднаа два гола. Селмани ги донесе домаќините во водство, а Кировски се погрижи за поделба на бодовите.

ФОТО: ФК Работнички

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ