среда, 29 април 2026

Пеколна ноќ за Аталанта во Манчестер, алармот за пожар се вклучул пет пати!

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед ја пречекува Аталанта во 3. коло од Лигата на шампионите и „ѓаволите“ очигледно не бирале средства за да го извадат противникот од колосек.

Како што пренесува Скај Спорт Италија, алармот за пожар се вклучил дури пет пати и фудбалерите на Аталанта останале без сон.

И сопругата на Руслан Малиновски се пожали на Инстаграм и напиша: „Пеколна ноќ во Манчестер, алармот за пожар се вклучи пет пати по пристигнувањето на тимот. Дали мислите дека ова е случајно? Јас мислам дека е намерно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ