недела, 26 април 2026

Партизан на пенали го помина Сочи и се пласира во плеј-офот од Конференциската лига

Објавено на

часот

Сподели

Мечот во Русија заврши 1-1. А во Белград, Сочи дојде во водство со гол на Тереков во 33. минута.
 
По десет минути игра во второто полувреме Јојиќ реализираше за израмнување на 1-1.
 
Во 76. минута Тереков со својот втор гол, носи ново водство за Сочи, лоша игра во одбраната на Партизан.
 
И кога се очекуваше дека Сочи ќе оди понатаму, Шчекиќ погоди со глава во 90. минута и израмни на 2-2. Веќе нема гол во гости, а тоа во прилог му одеше на Партизан на овој меч.
 
Во продолженијата немаше погодоци, па се премина кон изведување на пенали. Во пенал серијата Партизан даде четири гола, Сочи промаши двапати, по што славјето на црно-белите можеше да почне.
 
Во плеј-офот од Конференциската лига, Партизан ќе игра против Санта Клара која славеше уште една победа над Олимпија од Љубљана.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ