Неколку извори пренесоа дека рано утрово, Барселона испратила нова понуда до Лео Меси во последен очајнички обид да го задржи напаѓачот.
Иако одредени медиуми подцна објавија дека ваква понуда немало, аргентинскиот весник Оле вели дека предлог пристигнал, но Лео Меси го одбил. Извештајот вели дека фудбалерот одбил уште две други понуди, една од Челси и една од Тотнем.
Лео Меси се решил за преселба во ПСЖ поради неколку причини. „Светците“ имаат квалитетен проект со многу звучни имиња, летот од Париз до Барселона е нешто помалку од два часа а во градот на светлината, Аргентинецот ќе се сретне со своите сонародници Ди Марија и Паредес, и нивните семејства ќе помогнат сопругата на Лео и неговите деца подобро да се адаптираат на промената.
Оле пишува дека се пеглаат последните детали, односно имиџ правата како и премијата која ќе ја добие Лео Меси со оглед на тоа дека пристигнува беспари, како слободен играч.






