четврток, 23 април 2026

Новиот спортски директор на Јувентус со прв коментар за иднината на Роналдо

Објавено на

часот

Сподели

За иднината на ЦР7 се пишува со месеци, постојано се шпекулира дека тој ќе замине од Јувентус во летниот преоден рок и нема да ја одработи последната година од договорот.

Па на денешната прес конференција, на која „старата дама“ го промовираше Маурицио Аривабене како нов генерален извршен директор а Федерико Керубини за нов спортски директор, неизбежно беше прашањето за трансфер на Кристијано Роналдо.

„Нема никакви сигнали од Кристијано Роналдо дека заминува од Јувентус, ни нема кажано дека сака да ја промени средината“ – вели Федерико Керубини. „Ниту пак има сигнали од наша страна за разделба“.

„Среќни сме што тој е дел од нашиот тим и убедени сме дека ќе ни се придружи по одморот. Во овој момент, сите сигнали укажуваат на ова, Роналдо нема да направи трансфер и ќе се придружи на подготовките за новата сезона, тој е централен дел на нашиот проект“.

„Но секако, немам кристлна топка и не знам што ќе се случи во иднина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ