четврток, 23 април 2026

Мурињо лежејќи ги прогнозираше четвртфиналните натпревари на ЕП (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мурињо утре патува за Италија каде треба да ја почне работата во Рома, а денеска го има својот последен ден од одморот во Португалија.
 
Тој во емисијата на „ТокСпорт“ во лежечка положба ги прогнозираше четвртфиналните мечеви.
 
Мурињо смета дека Англија сигурно ќе биде во полуфиналето. Очекува тежок дуел меѓу Чешка и Данска, но прогнозира дека Данците на крајот ќе победат.
 
За Белгија – Италија рече дека тоа е голем дуел, но мора да каже дека Италија ќе оди понатаму бидејќи не сака утре кога ќе слета во таа земја, да го убијат.
 
И Смета дека Швајцарија без суспендираниот Џака не може со Шпанија. 
 
Неговата прогноза е дека во полуфиналето ќе бидат Англија, Данска, Италија и Шпанија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ