Уште од самиот почеток тимот на Солшер притисна, а Лидс се обидуваше од контра напади да се закани.
Резултатот беше отворен во 30. минута кога Погба убаво асистираше до Бруно Фернандеш а тој погоди за 1-0.
По само три минути игра во второто полувреме Аајлинг постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1.
Но радоста на Лидс траеше кратко, овој пат Погба упати една долга топка до Гринвуд кој погоди и го врати водство на Манчестер јунајтед.
Следуваа два гола за Бруно Фернандеш, првиот по асистенција на Линделоф, вториот по додавање од Погба, хет-трик на Португалецот за водство на Јунајтед од 4-1.
Точка на мечот стави Фред кој погоди по четвртата асистенција на Погба на овој натпревар.






