Речиси по половина век, Милвоки Бакс ќе игра во големото НБА финале откако ја совлада Атланта, овој пат без Адетокумбо кој од клупата го бодреше тимот.
Во составот на Атланта се врати Тре Јанг, но не успеа да му помогне на тимот да се избори за мајсторка.
Мечот беше изедначен до третата четвртина која Милвоки ја доби со 44-29, направи голема разлика, тешко достижна за домаќините, на крајот победи со 118:107.
Мидлтон со 32 поени беше најефикасен кај Милвоки, Холидеј постигна 27. Во составот на Атланта, Редиш постигна 21, Богдановиќ 20, Јанг само 14.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=LLigNSe-hIM autoplay:0]






