Милвоки го врати поразот на свој терен, благодарение на одличната последна четвртина дојде до победа со која се стекна со предност во серијата против Атланта.
Домаќините со водство од два поени влегоа во последниот период, но тогаш Милвоки тие 12 минути ги доби со 30-17 и на крајот славеше убедлива победа од 113-102.
Мидлтон со 38 поени и 11 скокови беше главен во составот на Милвоки, Адетокумбо постигна 33 поени, имаше и 11 скокови. Кај Атланта најдобар беше Тре Јанг со 35 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=EpJN2EvwoM8 autoplay:0]






