недела, 3 мај 2026

Милан брзо ја реши Салернитана, сега релаксирано ќе ги чека резултатите од дерби пресметките (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Милан од врвот на табелата ќе ги чека дуелите на Интер и Наполи против Рома односно Аталанта, попладнево, избраниците на Пиоли брзо ја решија Салернината и привремено се искачија на лидерското место.

Резултатот беше отворен по пет минути игра, Леао убаво продре и му асистираше на Кеси за 1-0.

Десетина минути подоцна, Диаз го проигра Салемакерс за 2-0 и веќе тука беше јасно дека бодовите ќе останат на Сан Сиро.

Во продолжението од мечот, Милан рутински одработи и чуваше сила за пресметката со Ливерпул во Лигата на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ