недела, 26 април 2026

Меси обезбедил специјална клаузула во договорот со ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Лео Меси синоќа потпиша за ПСЖ, напаѓачот доби двегодишен договор со опција за додатни 12 месеци.

Според пишувањата на медиумите, тој во Париз ќе заработува помеѓу 35 и 40 милиони евра, и повторно ќе биде најплатен фудбалер во светот.

Според ТиК Спортс, Лео Меси си обезбедил и специјална клаузула, односно приоритет да бидат натпреварите на Аргентина, официјалните и пријателските. Исто така, докторите на репрезентацијата ќе имаат пристап до тренинг центрите на „светците“.

По триумфот на Копа Америка, Лео Меси сонува за трофејот од Светското Првенство, па напаѓачот сака во Катар да пристигне во топ форма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ