сабота, 25 април 2026

Меси на дружба со Нејмар и половина тим на ПСЖ, Барса сака утре да испрати важно соопштение (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Лео Меси во понеделникот требаше да ги стартува подготовките за новата сезона, но со оглед на тоа дека се уште нема ставено потпис на нов договор со Барселона, напаѓачот е на продолжен одмор.

Тој се реши за уживање на Ибица заедно со Луис Суарез и Сеск Фабрегас и семејствата на Уругваецот и Шпанецот.

На Ибица, Лео Меси се сретна со уште еден добар пријател, Нејмар а друштво им правеа уште неколку фудбалери на ПСЖ, како Анхел ди Марија, Леандро Паредес и Марко Верати.

Во меѓувреме, Мундо Депортиво пренесе дека се пеглаат последните детали помеѓу Барселона и Лео Меси, Жоан Лапорта се надева дека до крајот на денот се ќе биде договорено и веќе утре ќе пристигне соопштение дека „каталонците“ си подале рака со Аргентинецот за продолжување на соработката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ