Лео Меси во понеделникот требаше да ги стартува подготовките за новата сезона, но со оглед на тоа дека се уште нема ставено потпис на нов договор со Барселона, напаѓачот е на продолжен одмор.
Тој се реши за уживање на Ибица заедно со Луис Суарез и Сеск Фабрегас и семејствата на Уругваецот и Шпанецот.
На Ибица, Лео Меси се сретна со уште еден добар пријател, Нејмар а друштво им правеа уште неколку фудбалери на ПСЖ, како Анхел ди Марија, Леандро Паредес и Марко Верати.
Во меѓувреме, Мундо Депортиво пренесе дека се пеглаат последните детали помеѓу Барселона и Лео Меси, Жоан Лапорта се надева дека до крајот на денот се ќе биде договорено и веќе утре ќе пристигне соопштение дека „каталонците“ си подале рака со Аргентинецот за продолжување на соработката.
View this post on Instagram






