Паднал договор помеѓу Меси и ПСЖ, оваа информација пред половина час ја објавија Л’Екип и добро упатениот новинар Фабрицио Романо.
Двата извори пренесуваат дека се работи за двегодишна соработка, со можност за додатни 12 месеци. Лео Меси во следните часови ќе пристигне во Париз и до крајот на денот ќе ги помине редовните лекарски прегледи.
Според Фабрицио Романо, Аргентинецот на „Паркот на Принцовите“ ќе заработува околу 35 милиони евра годишно.






