сабота, 25 април 2026

Мбапе има нова причина да не стави потпис на нов договор со ПСЖ, Реал му ветува 40 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе ги одработува последните 12 месеци од договорот, ПСЖ со сите сили се обидува да ја продолжи соработката, но напаѓачот одбива да ја продолжи верноста и се верува дека сака да замине од Париз.

Французинот е дамнешна желба на Флорентино Перез и првиот човек на Реал му ветил богатство на Килијан Мбапе за да остане уште една сезона на „Паркот на принцовите“ и потоа следното лето како слободен играч да потпише за „кралевите“.

При едно вакво сценарио, Реал Мадрид нема да му плати обесштетување на ПСЖ па затоа Флорентино Перез е подготвен на Килијан Мбапе да му даде 40 милиони евра за потпис на договорот.

Секако, Килијан Мбапе ќе добие и богат договор и годишна нето плата од 25 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ