Натпревар со пет голови, многу возбудувања и нов рекорд на Кристијано Роналдо видоа навивачите на Олд Трафорд.
А мечот не можеше да почне почудно. Во 13. минута се случи досега невиден гол, Смит Роу го совлада Де Хеа додека голманот на Манчестер јунајтед лежеше на теренот. Арсенал поведе со 1-0.
Пред крајот на првото полувреме Манчестер јунајтед успеа да изедначи. Фред додаде до Бруно Фернандеш кој реализираше за 1-1.
По седум минути игра во второто полувреме Кристијано Роналдо постигна гол по асистенција од Рашфорд за комплетен пресврт и водство на Манчестер јунајтед од 2-1. Ова беше гол број 800 за Роналдо, првиот фудбалер кој стигнал до оваа бројка.
Но, радоста на домаќините не траеше долго, веќе во 54. минута Одегард даде гол за израмнување на 2-2.
Во 68. минута Одегард се претвори во трагичар, направи прекршок за пенал. Роналдо беше прецизен од белата точка за ново водство на Манчестер јунајтед и негов 801. гол во кариерата.
Тоа беше и конечниот резултат, Манчестер јунајтед го победи Арсенал со 3-2.






