недела, 26 април 2026

Македонски фудбалер би можел да игра за Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Според бугарскиот портал „Спортал.бг“, селекторот на Бугарија, Јасен Петров посакал да го викне Влатко Дробаров во репрезентацијата.
 
Дробаров има бугарски пасош, тој има играно во сите младински репрезентации на Македонија, но нема настап за сениорската.
 
Влатко Дробаров кој има 28 години, во Македонија играше за Скопје, Тетекс, Напредок и Беласица. А има и богата интернационална кариера во далечни замји, го носеше дресот на Мурсиелагос од Мексико, Оход од Саудиска Аарабија, Керала Бластерс од Индија. Во Европа има играно за Банатс од Ерменија и Арис Лимасол од Кипар.
 
Наскоро бугарскиот селектор ќе го соопшти списокот за квалификациските мечеви за СП и тогаш ќе се знае дали Дробаров ќе биде повикан.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ