недела, 26 април 2026

Македонија падна за десет места на новата ФИФА ранг листа

Објавено на

часот

Сподели

Македонија доживеа сериозен пад на ФИФА листата, од 62. место, паднавме на 72. позиција. Ова е најголем пад за нашата репрезентација во последните две години.
 
Падот е резултат на трите порази на Европското првенство, исто и селекцијата на Турција има назадување од десет позиции, тие беа дури и послаби од нас на континенталниот собир.
 
Белгија останува на првото место, а во топ 10 се уште и селекциите на Бразил, Франција, Англија, Италија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД.
 
Хрватска е на 18. место, Србија е 29., Грција е 48., БиХ е 58., Словенија е 66., Албанија е 69., Бугарија е 75., Косово е 115.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ