недела, 3 мај 2026

Мајкл Керик си замина од Манчестер јунајтед: Време е да го напуштам клубот

Објавено на

часот

Сподели

Керик го водеше Манчестер јунајтед на три меча и оствари одлични резултати. Ги победи Виљареал и Арсенал, а одигра реми на Стемфорд Бриџ против Челси.

По денешниот натпревар против Арсенал тој соопшти дека заминува од клубот.

„Моето време во овој голем клуб секогаш ќе се поврзува со моите најдобри години во мојата кариера. Одлучив дека сега е време да го напуштам клубот. Сакам да им посакам на Ралф Рангник, на стручниот штаб, фудбалерите и фановите се најдобро во иднина“, изјави Керик.

„Ова е моја одлука. Фудбалерите не знаеа за тоа. Им кажав сега по натпреварот. Беа шокирани, беа изнендени, имаше емоции во соблекувалната. Но тоа е нормално“.

Керик беше помошник и на Жозе Мурињо и на Оле Гунар Солшер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ