Алиоски има понуда на маса од Лидс, но македонскиот репрезентативец се уште не се изјаснил дали ќе продолжи или ќе замине.
Во меѓувреме Лидс го купува Жуниор Фирпо од Барселона за сума од 15 милиони евра плус бонуси.
Некои медиуми велат дека зделката е завршена работа и Фирпо наскоро ќе биде промовиран во ново засилување за Лидс.
Станува збор за лев бек кој може да игра и како централен дефанзивец, но и како десен бек. Фирпо има 24 години и 24 настапи за првиот тим на Барселона.






