недела, 3 мај 2026

Левандовски: Се надевам Меси е искрен, дека тоа не се празни зборови

Објавено на

часот

Сподели

Последната Златна топка крена прав, дали Меси или Левандовски требаше да ја добие. Ако за оваа награда имаше дилеми, за минатата сезона немаше. Требаше да победи полскиот напаѓач, но Франс фудбал одлучи да не прави церемонија поради пандемијата на ковид-19.

Ваквите случувања создаваат само горчина кај Левандовски кој игра на највисоко ниво, има импресивна статистика, но никако да ја добие Златната топка.

„Чувствувам тага. Не можам да го негирам тоа“, изјави Левандовски за полските медиуми.

„Не можам да кажам дека бев среќен на церемонијата, напротив. Чувствував тага. Да бидам толку блиску, да се натпреварувам со Меси, покажува кое ниво сум го достигнал“.

За време на наградите Меси му порача на Франс фудбал дека треба да му ја даде наградата на Левандовски за 2020 година.

„Не сум ентузијаст, не верувам дека ќе ми биде доделена Златната топка за 2020. Би сакал говорот на Меси да беше искрен и љубезен од голем фудбалер, не само празни зборови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ