недела, 26 април 2026

Лапорта нападнат поради заминувањето на Меси: Додека цела Барса плачеше, ти беше на вечера со Перез

Објавено на

часот

Сподели

Жауме Лопис верува дека Жоан Лапорта не сторил доволно за Лео Меси да остане и го повика претседателот на Барселона да открие повеќе детали.

„Самиот Меси рече, „Не знам дали клубот стори се што можеше“. Има уште 25 дена до крајот на трансфер пазарот и мислам дека клубот можеше да стори нешто повеќе. Мислам дека не постоеше права желба и волја да се задржи Меси“ – вели Жауме Лопис, кој синоќа си поднесе оставка од својата функција во Барселона поради заминувањето на Аргентинецот.

„Си поднесов оставка за да можам слободно да кажам што мислам и да побарам транспарентност. Мислам дека Лапорта не ја кажува вистината“.

„Сакаме да знаеме што договара Лапорта со Перез. Суперлигата е одличен проект, но е неизвесен. Не знам каква е намерата на Лапорта, но не може тој да оди на вечера со претседателот на Реал додека цела Барса плаче“.

„Тоа што го избркавте Меси, ќе се намали буџетот за плата, но што е со другите играчи како Умтити или Кутињо, или пак „тешкашите“ од соблекувалната. Најлесно е да го раскинете договорот на Матеус, но доколку го раскинете договорот на некој од „тешкашките“, тогаш ќе испратите порака до сите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ