„Каталонците“ планира да донесат две засилувања во јануари, и според новинарот Сике Родригез, ставот на Чави е јасен, за првото име нема преговори, тренерот на Барса го бара Феран Торес, за второто, може да име компромис.
Второто име треба да биде напаѓач, се говори дека Единсон Кавани ќе пристигне на Камп Ноу, а Кике Родригез појаснува дека Уругваецот не е по мерак на Чави, но стратегот смета дека е подобро да добие нешто отколку ништо.
Новинарот открива дека Чави всушност е заљубен во Душан Влаховиќ, неговите помошници постојано гледаат видеа од Србинот и изготвуваат извештаи за напаѓачот кој игра извонредно во дресот на Фиорентина и има 15 погодоци на 17 меча во Серија А.
Кике Родригез додава дека Ерлинг Халанд е ѕвездата која Жоан Лапорта сака да ја донесе, но и Душан Влаховиќ е поставен високо на листата со желби.






