Меси од денеска не е фудбалер на Барселона, тој е слободен играч. Ова е ситуација која ги загрижува фановите на каталонскиот тим иако и двете страни сакаат да ја продолжат соработката.
„Знам дека Лео сака да остане. Разговорите одат добро и правиме голем напор за тој да остане. Треба да се прилагодиме на правилата од Финансискиот фер плел. Има многу алтернативи, ги проучуваме сите. Би сакал да можам сега да ви кажам дека Лео останува, но не можам да го направам тоа бидејќи сме во процес на наоѓање на најдобро решение. Се движиме во вистинска насока. Во основа се работи само за Финансискиот фер плеј“, изјави Лапорта.






