сабота, 2 мај 2026

Квадрадо во 91. минута погоди за победа на Јувентус (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Старата дама“ им се врати на победите во Серија А, вечерва пред своите фанови ја доби пресметката со Фиорентина. Гостите одлично се спротивставија, Јувентус не можеше да наметне игра се до последните 15 минути од мечот кога Миленковиќ заработи црвен и предвреме го напушти теренот.

Со играч повеќе, избраниците на Алегри го скршија отпорот на противникот во 91. минута, Квадрадо од тежок агол погоди за 1-0 и огромна радост на Алианц во Торино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ