Србија по втор пат стана европски шампион во женска кошарка. Србинките овој пат во Валенсија ја совладаа Франција и се искачија на тронот.
По рамноправниот влез во мечот, Србија го презеде водството, на моменти имаше и предност од 18 поени разлика (46-28), а на крајот рутински дојде до победата од 63-54.
Најдобра во составот на Србија беше Ивон Андресон со 18 поени, Јелена Брукс постигна 15, кај Франција најефикасна беше Вукосављевиќ со 15 поени.
Ова е трет медал за Србија на последните четири европски првенства, по првото злато во 2015 година, освоија бронза во 2019, а сега повторно станаа шампионки, сето тоа под водство на селекторката Марина Маљковиќ.






