Газдата на Тотнем, Даниел Леви ги менува тренерите но не го засилува тимот соодветно за тој да е конкурентен за титули. Пласманот во финалето од ЛШ со Маурисио Покетино му даде перцепција дека има моќен тим, но се чини дека не е така.
Тотнем синоќа загуби од Мура и ризикуа да испадне во групната фаза од Конференциската лига.
„По три недели почнав да ја сфаќам ситуацијата. Не е едноставно. Во овој момент нивото на Тотнем не е така високо“, вели Конте по вчерашниот меч.
„Има голема разлика во однос на топ тимовите во Англија. Но не смееме да се плашиме. Тука сум да работам и да ја поправам ситуацијата. Знам дека во овој момент ни треба трпение, време и тука сум бидејќи знам дека има проблеми кои треба да се решат“.
„Среќен сум да останам тука, но во исто време морам да бидам искрен и да кажам дека ни треба многу работа за да го унапредиме квалитетот на тимот“.
„Ако некој мисли дека пристигнал нов тренер, дека Конте освојувал во минатото и јас сум магионичар, тоа не е така. Единствената магија која можам да ја направам е работа. Да работам за да напредуваме, да ги внесам моите методи, моите идеи за фудбалот. Но за тоа е потребно време“.






