понеделник, 4 мај 2026

Кире Лазаров и Нанг победници во Купот на Франција

Објавено на

часот

Сподели

Нант одигра моќно финале и победи со седум голови разлика па впечаток е дека нивниот главен меч за трофејот беше во полуфиналето кога го совладаа Монпелје со 27-26.
 
Нант ја најави победата со блага иницијатива во првото полувреме, кое го доби со 13-10, а во второто ја надгради таа предност, предводен од голманот Нилсен, кој потоа беше прогласен за МВП. Кога предноста дојде до 25-20 во 55. минута, епилогот беше јасен.
 
Ова е само втор пехар за Лазаров во дресот на Нант, откако во септември 2017, само што дојде го освои „Трофејот на шампионите“, меѓутоа, многу често на тоа натпреварување не се гледа како еден од вредните пехари во Франција, бидејќи претставува разигрување пред новата сезона, па затоа ова е, практично, прв од „големите“, односно од Лигата или двата Купа на Франција. 
 
Нант, пак, досега имаше само еден пехар во Лига-купот, од 2015 година, но во сезоната пред да се приклучи Лазаров, затоа овој успех беше прославен со голема радост, на завршниот турнир во Мец.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ