сабота, 25 април 2026

Кејн: Никогаш не сум одбил да тренирам, од утре се враќам на тренинзи

Објавено на

часот

Сподели

Хари Кејн се уште не ги почнал подготовките со Тотнем, па се појавија шпекулации дека тој почнал штрајк со цел да изнуди заминување.
 
Но, Кејн денеска излезе со изјава и го негираше сето тоа.
 
„Поминаа речиси десет години откако дебитирав за Тотнем. Во секоја од овие години, вие, фановите покажавте комплетна поддршка кон мене и љубов“, вели Кејн.
 
„Токму затоа ме болеше кога ги читав коментарите оваа недела, а кои го доведуваа во прашање мојот професионализам“.
 
„Иако нема да влегувам во детали за ситуацијата, сакам да појаснам дека никогаш нема, ниту сум одбивал да тренирам. Утре се враќам на тренинзи како што е планирано“.
 
„Не би направл ништо за да ја растурам врската со фановите кои ми давале толу голема поддршка за моето време поминато во клубот. Секогаш ќе биде така“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ