Во денешниот натпревар Реал Мадрид влезе со серија од 10 победи по ред, од кои 7 беа во Ла Лига.
Кадиз е претпоследен на табелата во Ла Лига, но успеа да остане непоразен на теренот на лидерот.
Реал Мадрид има отсутни поради ковид-19, па Азар доби шанса од првата минута, но не успеа да ја искористи. Ниту он, ниту останатите не успеаа да го најдат патот до мрежата на Ледесма.
Кадиз важи за незгоден противник на Реал Мадрид, минатата сезона го победија кралскиот клуб на негов терен.






