недела, 3 мај 2026

Јубилеј за Елмас, денеска по 100. пат ќе го облече дресот на Наполи

Објавено на

часот

Сподели

Елмас кој пред две ипол години во Наполи пристигна од Фенербахче, дојде до својот прв поголем јубилеј во италијанскиот тим.
 
Вечерва Наполи му гостува на Сасуоло, а Елмас ако настапи за него тоа ќе биде по 100. пат како ќе одигра меч за наполитанците.
 
Елмас досега има 73 настапи за Наполи во Серија А и постигнато четири гола и три асистенции.
 
Во Купот на Италија има девет настапи, и дадено еден гол. Еден настап има и во италијанскиот Суперкуп.
 
Во Европа Елмас има 16 настапи за Напопли, зачинети со два гола и една асистенција.
 
Тоа е вкупно 99 настапи, шест голови и четири асистенции.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ