Постигнат е договор меѓу двата клуба, Челси на Интер ќе му плати 115 милиони евра, во наредните денови ќе бидат завршени сите формалности.
Ромелу Лукаку ќе потпише долгогодишен договор за плата од 12 милиони евра по сезона плус бонуси.
Токму Челси беше клубот кој го донесе Лукаку во Англија, но напаѓачот има одиграно само 10 меча за сините. Беше даван на позајмица во ВБА и Евертон кој подоцна и комплетно го откупи.
Шампионскиот тим на Интер ќе биде значително ослабен за наредната сезона, ќе недостигаат Конте, Лукаку и Хакими.






