четврток, 23 април 2026

Хрватска на ЕП играше со усташка шаховница и никој не примети сѐ до нивната елиминација (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

За време на четирите натпревари што ги одигра на ЕП Хрватска носеше погрешен грб на дресот. Разликата е тешко приметлива доколку грбот не се погледне подетално, па дури откако го завршија настапот на турнирот беше отриен скандалот.
 
Наместо официјалниот грб на кој шаховницата почнува со прво црвено поле, тие носеа грб на кој таа почнува со бело поле.
 
 
Што е спорно?
 
Грбот со прво бело поле го имаат прифатено Анте Павелиќ и неговите усташи во 1941 година. Од употреба е отстранет по поразот на фашистите во Втората светска војна и падот на режимот на Павелиќ. По што за време на СФРЈ се менува грбот и Социјалистичка република Хрватска повторно почнува да користи шаховница со прво црвено поле. Шаховницата со прво црвено поле датира од 15 век, а стои на нивното знаме уште од 1918 година. Тој симбол е актуелен и до ден денес.
 
Знамето на Хрватска од 1941 до 1945
 
 
Сегашното знаме на Хрватска
 
 
Хрватската фудбалска федерација се извини за овој скандалозен превид и вината ја префрли на фирмата што ги печатела дресовите, „Ситотисак Деколор“ од која ќе се бара одговорност.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ