недела, 3 мај 2026

Хет-трик во асистенции на Меси, деби на Рамос и тешка повреда на Нејмар (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Серхио Рамос го одигра првиот натпревар во дресот за ПСЖ и остана на теренот во сите 90 минути.

Сент Етјен поведе со гол на Боанга во 23. минута од натпреварот.

Но клучниот момент се случи во 45. минута кога домаќините можеби престрого останаа со фудбалер помалку поради црвен картон на Колоџечак.

Таквата предност ПСЖ веднаш ја искористи, во судиското продолжение од првиот дел по асистенција од Меси, Маркињос израмни на 1-1.

ПСЖ конечно втор гол даде во 79. минута, Ди Марија реализираше по додавање од Меси.

А истата комбинација која ја отвори серијата, и ја затвори, по додавање од Меси, негова трета асистенција, Макињос ги постави конечните 3-1.

Во финишот од мечот, Нејмар заработи тешка повреда поради која предвреме го заврши натпреварот.
 
Течеше 84. минута кога Нејмар згази противнички играч и го превитка зглобот.
 
Болката беше голема за Бразилецот кој веднаш падна во плач, а со солзи во очите беше и изнесен од теренот.
 
По деталните прегледи ќе се знае колку е сериозна повредата на Нејмар.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ