сабота, 25 април 2026

Гвардиола: Мислевме дека Меси ќе остане во Барселона, парите ги потрошивме на Грилиш

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето Манчестер Сити беше блиску до потпис со Лео Меси, но Барселона не сакаше да го продаде Аргентинецот.
 
Откако синоќа Барселона објави дека нема да го продолжат договорот со Меси, многумина се прашуваа дали Сити овој пат ќе се обиде да го ангажира Аргентинецот. Одговорот стигна од Гвардиола.
 
„Веќе потрошивме 100 милиони фунти на Грилиш. Џек ќе го носи дресот со број 10. Ние бевме уверени дека Лео ќе продолжи во Барселона. Во моментов тој апсолутно не е во нашите мисли“, изјави Гвардиола.
 
„Изгледаше како се да е готово и тоа што се случи вчера е изненадување за сите. Мислам дека претседателот Лапорта беше јасен денеска но двете страни сакаа да се случи договорот. Се што можам да кажам е благодарам за Меси што помогна Барселона да доминира, му посакувам се најдобро во иднина“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ