Пеп Гвардиола го загуби првиот трофеј во новата сезона, вечерва, Лестер славеше против Манчестер Сити во Комјунити Шилд.
На Вембли, „лисиците“ стигнаа до триумф од 1-0 со гол од пенал во финишот од мечот. Аке киксираше на работ од шеснаесетникот, го собори Ихеначо во намерата да ја поправи грешката, а судијата со мало задоцнување покажа на белата точка.
Ихеначо ја превзеде одговорноста и погоди од 11 метри за големо славје на Лестер.






