вторник, 28 април 2026

Германија со пресврт ја победи Романија, Исланд зема бод и со Ерменија

Објавено на

часот

Сподели

Романија и приреди непријатен шок на Германија во 9. минута кога Хаџи постигна гол за водство од 1-0.
 
Германците долго време се мачеа да израмнат, тоа им успеа дури во 52. минута кога Гнабри постигна гол за 1-1.
 
На десет минути пред крајот Томас Милер постигна гол за победа на Германија од 2-1.

Исланд слично како и нам, и на Ерменија им откина два бода.
 
Ерменците поведоа со гол на Хованисијан во 35. минута, израмни Јоханесон во 77. минута.

По седум одиграни меча, Германија е прва со 18 бодови, Македонија и Ерменија имаат 12, Романија е четврта со 10 бодови, 5 има Исланд, последен е Лихтенштајн со еден освоен бод.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ