Причината поради која експедицијата на Галатасарај не стапнала повеќе од аеродромот во Атина, било тоа што не им ги признавале ПЦР тестовите и ги терале таму да прават.
„Темелно им прикажавме сѐ што бараа, ПЦР тест не постар од 78 часа, брз-антигенски тест не постар од 48 часа, документи за вакцинација и кога дел од нашите луѓе поминаа, се најде еден од грчките службеници и ни рече дека не ги прифаќаат ПЦР тестовите и мора повторно да се тестираме иако постои протокол меѓу Турција и Грција за ваквите тестови“, објавија од Галатасарај.
Два часа траело натегањето по што Галатасарај решиле да се вратат во Турција.
„Грчките власти не ни дозволија да влеземе, нѐ третираа како стока, ,заклучени во салон. Не ни дадоа ни вода“, изјави портпаролот на Галатасарај, Дениз Ѓулен.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=SZmHB4VLnS4 autoplay:0]Осуда стигна и од министерот за спорт на Турција, Муарем Касапоглу.
„Разговарав со претседателот Бурак Елмас и со тренерот Фатих Терим и им кажав дека ја имаат потполната поддршка. Го осудувам овој груб чин со кој се соочи Галатасарај“, рекол Касапоглу.






